ГИ ВИДОВ ПРАТЕНИЦИТЕ МУКОСКИ И ВАСИЛЕВСКИ КАКО ГИ ВАДАТ ГРЕДИТЕ ОД ВРАТИТЕ НА СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ СОБРАНИСКИ ОБЕБЗБЕДУВАЧ ЗА 27 АПРИЛ

    ГИ ВИДОВ ПРАТЕНИЦИТЕ МУКОСКИ И ВАСИЛЕВСКИ КАКО ГИ ВАДАТ ГРЕДИТЕ ОД ВРАТИТЕ НА СОБРАНИЕТО, СВЕДОЧЕШЕ СОБРАНИСКИ ОБЕБЗБЕДУВАЧ ЗА 27 АПРИЛСведокот Владиир Стојков се присети дека кога ги видел Мукоски и Василевски им рекол: „Што правите?! Знаете ли што ќе се случи ако влезе толпата?“ На тоа, Крсто Мукоски му рекол: „Тоа не е твоја работа“. Стојков рече дека успеал да ја врати едната греда, а другата не успеал, зашто Мукоски не дозволил да ја врати (Фото СДК.МК)

    „Се стрчав по скалите и ги забележав Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врат“, сведочеше обранискиот обезбедувач Владимир Стојков на денешнoто рочиште на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, во кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

    Стојков потврди дека откако чул врева се симнал од пред кабинетот на Трајко Вељаноски и ги видел пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат заштитните огради од главниот собраниски влез.

     

    „Сашо Василевски се упати кон следната врата гледано од Собранието кон паркот Жена-борец од десната страна и ја извади гредата…“, рече сведокот Стојков пред судот (Фото: СДК.МК)

    Кога ги видел Мукоски и Василевски им рекол: „Што правите?! Знаете ли што ќе се случи ако влезе толпата?“ На тоа, Крсто Мукоски му рекол: „Тоа не е твоја работа“. Стојков рече дека успеал да ја врати едната греда, а другата не успеал, зашто Мукоски не дозволил да ја врати.

    „Сашо Василевски се упати кон следната врата гледано од Собранието кон паркот Жена-борец од десната страна и ја извади гредата…“, рече Стојков и додаде дека ако вратите не биле отворени, немало да се случи, она што се случило. Потоа рече дека тој, заедно со обвинетиот Абдулфета Алими, се повлекле нагоре кон Собранието. Добиле наредба од началникот Александар Јанковиќ да го пренесат формациското оружје во кабинетот на Вељаноски зашто долу не било безбедно.

    По сведочењето на Стојков, вечерва на ред е Сашо Тасевски, новиот директор на БЈБ, кој за време на нападот на Собранието беше во прес центарот како обезбедување на тогашниот технички министер Оливер Спасовски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари