ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ОД ЗИМАВА НЕМА ДА ЗАГАДУВА, ПОЧНА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА БОЛНИЦАТА

    ГИНЕКОЛОГИЈА ЧАИР ОД ЗИМАВА НЕМА ДА ЗАГАДУВА, ПОЧНА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА БОЛНИЦАТАГинекологија Чаир секоја зима се споменува како еден од загадувачи на Скопје и постојано на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од црн чад кој излегува од оџакот. (Фото: СДК.МК)

    Почна гасификацијата на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Деновиве во болницата се поставува нов котел за греење и потребните приклучоци и цевки за загревање на објекот на гас.

    Директорот Башким Исмаили вели дека од оваа зимска сезона повеќе болницата нема да се грее мазут.

    „После долги години Министерството за здравство спроведе тендер за гасификација на болницата. Не само што ќе се придонесе во борбата против аерозагадувањето во Скопје туку сега ќе имаме подобри услови за родилките и бебињата во болницата“, вели Исмаили.

    Гинекологија Чаир секоја зима се споменува како еден од загадувачи на Скопје и постојано на социјалните мрежи се споделуваа фотографии од црн чад кој излегува од оџакот. Лани во феврури скопскиот градоначалник Петре Шилегов му се закани на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе ја затвори болницата ако не го смени начинот на греење. По ваквите закани од Шилегов, Филипче тогаш рече дека ја почнуваат тендерската постапка за гасификација на Гинекологија Чаир.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари