ГЛАСАЛЕ 70 ОТСТО ОД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ, СООПШТИ ДИК

    ГЛАСАЛЕ 70 ОТСТО ОД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ, СООПШТИ ДИКДИК дополнително ќе работи на утврдување на бројот на затвореници кои не гласале, како и на причините поради кои тие не биле запишани во Избирачкиот список. - Љупка Гогучевска, портпарол на Државната изборна комисија (Фото: МИА)

    Одѕивот на затворениците во казнено-поправните установи на гласањето за локалните избори што се одржа денеска, ден пред изборите, според првичните податоци на Државната изборна комисија е меѓу 68 и 70 проценти. До ДИК нема пријави за инциденти на избирачки места, изјави  портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

    За информациите дека дел од затворениците во затворот во Издризово не успеале да го остварат своето гласачко право, Гугучевска рече дека ДИК дополнително ќе работи на утврдување на бројот на затвореници кои не гласале, како и на причините поради кои тие не биле запишани во Избирачкиот список.

    „Секој од нив може да поднесе приговор за заштита на избирачкото право, по што лично ќе му се одговори зошто тоа право му било нарушено. И на претходните избори имаше затвореници кои не гласаa, главно поради немање валидни лични документи“, вели Гугучевска.

    Локалните избори утре ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.814.644 избирачи кои можат да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за советници.

    За набљудување на изборите ДИК има издадено акредитации на 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи, 294 преведувачи и шест странски новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира