ГЛУТНИЦА КУЧИЊА НАПАДНАЛА СКОПЈАНЕЦ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, БЕГАЈЌИ ПАДНАЛ И СЕ ИСКРШИЛ

    ГЛУТНИЦА КУЧИЊА НАПАДНАЛА СКОПЈАНЕЦ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, БЕГАЈЌИ ПАДНАЛ И СЕ ИСКРШИЛИстиот ден, во полиција биле пријавени уште пет други напади од кучиња скитници. (архивска фотографија)

    38-годишен скопјанец бил нападнат од глутница кучиња во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и додека бегал да се спаси од нив, паднал и се искршил. За среќа, во близина на нападот е Ургентниот центар, па веднаш бил згрижен таму.

    „На 15.05.2024 во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С. (38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници и при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот“, кажаа од МВР.

    Истиот ден, во полиција биле пријавени уште пет други напади од кучиња скитници.

    Во Кичево, 65-годишничка била касната од куче скитник. Во Крива Паланка бил каснат 75-годишник. Во скопски Карпош од куче скитник настрадала 29-годишничка. Во Чаир, куче скитник каснало малолетник и во Ѓорче Петров настрадал 19-годишник.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира