ГО НЕМА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ, ЌЕ НЕМА НИ БИТФЕСТ?

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГО НЕМА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ, ЌЕ НЕМА НИ БИТФЕСТ?

    Не се знае дали и кога ќе започне Битолското културно лето Битфест откако битолскиот градоначалник Владимир Талески падна во куќен притвор. Од општината не даваат официјална информација за тоа каква иднина го очекува единаесетото издание на битолската културна летна шема. Во исечекување се и културните работници кои се пријавиле на конкурсот што беше распишан во март годинава за учество на Битфест, а се уште не добиле одговор дали се прифаќа нивното учество.

    Според искуствата од минатите години, Талески за Битфест одржуваше прес конференција уште на почетокот на јуни, а сега се ближиме кон крајот на месецот и никој не ја соопштил програмата. Минатите изданија почнуваа најдоца до 27 јуни и ги обединуваа сите останати фестивали чиј старт беше на почетокот на летната сезона. Меѓу нив беа фестивалот „Битола отворен град“ на МКЦ и „Шекспир фестивалот“ на Битолскиот народен театар.

    Годинава веќе е објавена програмата за „Битола отворен град“ на кој во сабота на Широк Сокак ќе гостуваат популарните  „Електрични оргазам“.  Но,  ни на плакатот, ни на другите материјали не е споменато името на општината.

    „Шекспир фестивалот“ започнува во четврток и годинава не е во рамки на програмата на Битфест.

    Битолското културно лето под името Битфест почна да се одржува откако Талески дојде за градоначалник на Битола. Од тогаш и почнаа да се бројат изданијата. Како континуитет не се земаа предвид претходните неколку културни лета што ги организираше Центарот за култура на чело со тогашниот директор Борис Чоревски,  кој беше кадар на СДСМ. Тој беше покровител на Битфест каде претежно настапуваа уметници од домашната сцена. Опозицијата со години го критикуваше дека троши повеќе од половина милион евра на фестивалот.

    За разлика од лани кога низ улиците во Битола имаше ора и песни сега се случуваат протести. Два месеци Шарената револуција протестираше за оставка на Талески, а деновиве членовите на ВМРО-ДПМНЕ протестираат за негово ослободување. На Талески му беше изречена мерка куќен притвор уште во четвртокот од Кривичниот суд во Скопје како првоосомничен за случајот „Транспортер“. Полицијата му го достави решението за куќен протвор дури вчера.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира