Рано утрово полиција упаднала во најголемиот затвор “Идризово”. Не е познато дали пребарува само меѓу осудените лица, или и во управната зграда.
Од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека таму се врши претрес, без детали за акцијата.
Полицијата не смее да влегува во казнено-поправните установи, освен за работи поврзани со кривични дела.
Од МВР најавија соопштение подоцна.
С.К. ДЕЛЕВСКА