„Гомнарке и ороспијо една“, ѝ кажа на гевгелиски Катица Јанева на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што беше веднаш отстранета од судењето за „Рекет“.
На крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.
Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“
„Надвор, изнесете ја обвинетата од судница“, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.
На излегување, Јанева дојде кај новинарите, застана неколку секунди и рече:
„Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“, нервозна и пред плачење рече Јанева.
- ТИ ЛИЛЕ ДА МУ ГО ВРАТИШ ПАСОШОТ НА ОРЦЕ, А СЕГА МАРШ, ИЗЛЕГУВАЈТЕ СИТЕ ОД ТУКА, КАЖАЛА ЈАНЕВА НА КОЛЕГИУМ ВО СЈО, СПОРЕД СВЕДОЧЕЊЕТО НА СТЕФАНОВА
- НАТАША САВОВА МИ СЕ СИЛЕШЕ ПРЕКУ МИЈАЛКОВ ДА ЈА ПРЕКИНАМ ИСТРАГАТА ПРОТИВ ПРИТВОРЕНИОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ, СВЕДОЧЕШЕ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА НА „РЕКЕТ“
- КАМЧЕВ ПРАЌАШЕ ЕМИСАРИ, СУДИИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ, ПОЛИТИЧАРИ, А СУДИЈКАТА КАЦАРСКА ОКАПА ЦЕЛ ДЕН ВО СУДОТ ДОДЕКА СЕ РЕШАВАШЕ ЗА НЕГОВИОТ ПРИТВОР, СВЕДОЧИ ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА
Јанева во моментов е на скалите во судот, плаче, се тресе, а нејзиниот син Лазар ја смирува во присуство на полицијата, која ја придружува на судењата, бидејќи таа е во куќен притвор.
Денешното судење завршува без Јанева.
С. К. ДЕЛЕВСКА