ГОРАН СУГАРЕСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СДСМ ПОРАДИ НЕУСПЕХОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ГОРАН СУГАРЕСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА СДСМ ПОРАДИ НЕУСПЕХОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИСугарески вели дека оставката претставува негов придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки. (Фото: Фејсбук)

    Поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески поднесе оставка на функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ поради неуспехот на локалните избори. Сугарески на овие локални избори беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Прилеп и загуби од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

    „Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки“, објави Сугарески на Фејсбук.

    Освен министер и кандидат за градоначалник, Сугарески беше и директор на Царинската управа, како и пратеник во Собранието.

    Вечерта на 31 октомври, по вториот круг од изборите, оставка најави Зоран Заев, како премиер и лидер на СДСМ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира