ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ПРЕДЛОЖЕН ЗА НОВ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“

    ГОРАН ТРАЈКОВСКИ ПРЕДЛОЖЕН ЗА НОВ ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“Трајковски е предложен за нов член на местото на Зоран Николовски, кој долги години беше дел од Управниот одбор на „Еуростандард банка“.(Фото: Фејсбук Евростандард банка)

    Горан Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци и поранешен директор на Управата за јавни приходи (УЈП) е предложен за нов член на Управниот одбор на „Еуростандард банка“, соопшти банката. Како што информираат од банката постапката за именување на Трајковски е во тек.

    Трајковски во времето кога премиер беше Никола Груевски беше директор на Управата за јавни приходи (УЈП).

    Банката соопшти дека Трајковски е предложен за нов член на местото на Зоран Николовски, кој долги години беше дел од Управниот одбор на „Еуростандард банка“.

    „Заран Николовски се повлекува од функцијата поради приватни причини. Својата експертиза ќе продолжи да ја споделува како советник на Управниот одбор. По препорака на Надзорниот одбор на банката, за нов член на УО е предложен Горан Трајковски “, информираат од „Еуростандард банка“.

    Функцијата претседател на Управниот одбор на „Еуростандард банка“ ќе продолжи да ја извршува Николче Петкоски.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира