ЃОРЧЕВ ПОБАРА СОБРАНИЕТО ДА НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ПУКАЊЕТО НА ТОДОРОВ

    ЃОРЧЕВ ПОБАРА СОБРАНИЕТО ДА НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ПУКАЊЕТО НА ТОДОРОВВлатко Ѓорчев побара Собранието да го осуди говорот на омраза на социјалните мрежи. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да ја прекине денешната расправа во парламентот поради пукањето на поранешниот министер за здравство и негов сопартиец Никола Тодоров. На тоа, спикерот Џафери му одговори дека Собранието досега функционирало и во потешки ситуации и Собранието продолжи со седницата на која беа избрани работните тела, неопходни за донесување на законските измени за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка.

    Ѓорчев потоа побара од Џафери Собранието да го осуди говорот на омраза на социјалните мрежи, на кои Тодоров бил нарекуван „министер за смрт“, по што спикерот му кажа дека Собранието не е надлежно за социјални мрежи и додаде дека треба да се остават институциите да се занимаваат со случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира