ГРАД СКОПЈЕ ГО ТРГНА ЌОСЕТО ОД ПРЕД СУДОТ

    ГРАД СКОПЈЕ ГО ТРГНА ЌОСЕТО ОД ПРЕД СУДОТРаботниците кои утрово го тргаа Ќосето само кусо ни рекоа дека добиле налог од Град Скопје да го отстранат споменикот и потоа да го однесат во магацините на Металскиот завод Тито.(Фото:аматерска фотографија)

    Oтстранет е споменикот на Ќосето од тревникот на крстосницата кај Врховниот суд во Скопје.

    Работниците кои утрово го тргаа Ќосето за САКАМДАКАЖАМ.МК рекоа дека добиле налог од властите на Град Скопје. Некои од нив рекоа дека по отстранувањето, ќе го носат споменикот во магацините на Металскиот завод Тито.

    аматерска фотографија

    Споменикот со кама в рака на Андон Јанев-Ќосето, контроверзен лик познат во историјата како ликвидатор на ВМРО, е еден од петте споменици кои се издигнаа на 7 септември 2014  на различни локации во Скопје, а кои Град Скопје ги доби како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. Спомениците беа поставени во времето на градоначалникот Коце Трајановски.

    Официјална изјава од Град Скопје не успеавме да добиеме.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира