ГРАДИНКИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ВО ДВЕ СМЕНИ ДО 21.30 ЧАСОТ ОД 1 СЕПТЕМВРИ

    ГРАДИНКИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ВО ДВЕ СМЕНИ ДО 21.30 ЧАСОТ ОД 1 СЕПТЕМВРИПрвите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска (архивска фотографија)

    Министерката за труд и социјалната Мила Царовска кажа дека од 1 септември градинките ќе почнат со двосменско работење. Првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот, согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава.

    „Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи“, изјави Царовска на прес-конференција и најави нови инвестиции во градинките, посебно во руралните средини.

    Царовска додаде министерството е подготвено за отворање нови работни места, што како потреба ќе ги наложи двосменското работење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира