ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВО СКОПЈЕ ЈА ПРОМОВИРАШЕ СВОЈАТА ПАРТИЈА „ЗНАМ“

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВО СКОПЈЕ ЈА ПРОМОВИРАШЕ СВОЈАТА ПАРТИЈА „ЗНАМ“Пред потпишувањето, на говорница излезе писателот Венко Андоновски, а потоа и професорката Катерина Тодоровска, која седи до лидерот Максим Димитриевски (Фото: Ѓ. Личовски)

    Поранешниот висок функционер на СДСМ, сега самостоен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, вечерва во Скопје ја промовираше новата партија „Знам“.

    Вечерва, всушност, беше потпишана иницијативата за формирање на партијата од претставниците на 10 граѓански здруженија. Со тој чин тие дадоа поддршка движењето да прерасне во политички субјект.

    Пред потпишувањето, на говорница излезе писателот Венко Андоновски, а потоа и  професорката Катерина Тодоровска.

    Димитриевски, повикувајќи се во говорот на сојуз со народот, рече дека Македонија не треба да биде приватна држава во сопственост на поединци. Како и сите досегашни основачи на нови партии и актуелни и бивши лидери на политички субјекти, и тој кажа дека ќе се залага за департизација на судството, на полицијата, обвинителството и на сите институции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира