ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ БОГОЕВ И ПЕТРОВСКА ПОВИКАНИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ДАДАТ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“

    ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ БОГОЕВ И ПЕТРОВСКА ПОВИКАНИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ДАДАТ ИСКАЗ ЗА „РЕКЕТ“Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека ги повикале Богоев и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и битолската градоначалничката Наташа Петровска дале исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека ги повикале Богоев и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.

    „Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија“, се вели во соопштението од Обвинителството.

    Од Обвинителствотото велат дека вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, а се врши вештачење и на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13, а второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец. Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.

    За двајцата по барање на Обвинителството, судија на претходна постапка одреди мерка притвор од 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира