среда, 9 јули, 2025 ПРЕБАРАЈ
МЕНИ МЕНИ
  • Вести
    • Сите Вести
    • Култура
    • Македонија
    • Свет
  • Дописна мрежа
  • Нераскажани приказни
  • Подкаст
  • СДК Магазин
  • Пријави проблем
  • Климатска акција
    • Сакам зелено
    • Зелена база
  • Сакам да кажам
    • Колумни
    • Слушај тука
    • Ти ќе ми кажеш
    • Книги
    • Архива
    • DUA TË THEM

ГРАФИЧКИТЕ ДИЗАЈНЕРИ ОД ВЛАДАTA СЕ АВТОРИ НА ЛОГОТО ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

    4558
    14 јули 2021 - 21:45
    Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАФИЧКИТЕ ДИЗАЈНЕРИ ОД ВЛАДАTA СЕ АВТОРИ НА ЛОГОТО ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТВладата ни достави примери на дизајни на логоа од јубилеи и прослави на државни празници низ годините. (Фото: Влада на РСМ)

    Тимот графички дизајнери при Секторот за односи со јавноста во Владата се автори на логото за јубилејот 30 години независност на државата, вели владиниот портпарол Душко Арсовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Портпаролите на Владата, Арсовски и Муамет Хоџа денеска на прес-конференција го претставија логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Логото било одобрено на синоќешната 87. седница на Владата.

    Најголемите реакции во јавноста се за згрешеното знаме – дизајнот имплицира дека се 12 краци, а не 8 колку што има на знамето, но и за тоа што не е употребено уставното име на земјата – Република Северна Македонија, туку само Северна Македонија. Исто така, се реагира и на тоа дека логото всушност прави историски фалсификат – се чини дека се одбележува 30 години од името Северна Македонија (кое е сменето во 2018), а не 30 години од независноста.

    Од Владата велат дека логото е составено од повеќе елементи, но потенцираат дека не го содржи државното знаме.

    „На традиционалната, историски заснована, национална, црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30-годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност. Логото не го содржи државното знаме. Сонцето кое е употребено во логото е различно од сонцето од државното знаме. Користењето на државното знаме е јасно уредено со Закон“, велат од Владата.

    Оттаму велат дека и оваа, и други влади, за државни празници низ годините наназад, често користеле разни варијации на сонцето како симбол кој зборува за државноста на нашата земја.

    Владата смета дека знамето на Република Северна Македонија има специфична државна вредност и дека истото не треба да се става во логоа за прослави, туку истото треба да се користи издвоено, засебно, чисто, со јасно истакнување на настани и исклучиво онака како што е пропишано со Законот за употреба на грбот, химната и знамето.

    „Затоа, сонцето употребено во логото за 30-години независност е со поинакви и поголем број краци од сонцето од државното знаме“, велат од Владата и во прилог, како што велат, за полесен преглед, ни доставија примери на дизајни на логоа од јубилеи и прослави на државни празници низ годините наназад.

    Една од најреномираните историчарки на уметност, Соња Абаџиева вели дека владиното лого за 30 години независност на Републиката треба да се исфрли, и дека во него има три фатални грешки.

    „Елементарни непознавања, за ликовниот аспект не сакам ниту да зборувам. Голема дезинформација, зарем не гледате дека е пола знаме, каде е Републиката? Знаат ли да сметаат, 30 години ли сме Северна?“, вели Абаџиева.

    • ФАТАЛНИ ГРЕШКИ ИМА ВО ВЛАДИНОТО ЛОГО ЗА 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ, ТРЕБА ДА СЕ ИСФРЛИ, ВЕЛИ ИСТОРИЧАРКАТА НА УМЕТНОСТ СОЊА АБАЏИЕВА

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Македонија 17877 30 години независнот 1 јубилеј 126 Влада 1464 грешка 13 држава 11 лого 9

    ПОВРЗАНИ

    Вчитување…

    Најчитани

    ДИОГО ЖОТА ЗАГИНА БРЗАЈЌИ ДА ФАТИ ТРАЕКТ ОТКАКО ЛЕКАР ГО СОВЕТУВАЛ ДА НЕ ПАТУВА СО АВИОН

    ДИОГО ЖОТА ЗАГИНА БРЗАЈЌИ ДА ФАТИ ТРАЕКТ ОТКАКО ЛЕКАР ГО СОВЕТУВАЛ ДА НЕ ПАТУВА СО АВИОН

    РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАНОЦИ ЗА НЕМАЖЕНИ И НЕЖЕНЕТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАНОЦИ ЗА НЕМАЖЕНИ И НЕЖЕНЕТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ДУШО МОЈА

    ДУШО МОЈА

    БИТОЛЧАНЕЦ ПЛАТИЛ 22.500 ЕВРА НА ИЗМАМНИЧКА КОЈА МУ РЕКЛА ДЕКА ЌЕ ГО ВРАБОТИ СИН МУ ВО МВР

    БИТОЛЧАНЕЦ ПЛАТИЛ 22.500 ЕВРА НА ИЗМАМНИЧКА КОЈА МУ РЕКЛА ДЕКА ЌЕ ГО ВРАБОТИ СИН МУ ВО МВР

    НЕМА ДА ИМА ДАНОК ЗА НЕМАЖЕНИ И НЕЖЕНЕТИ, СЕ ИЗВИНУВАМ НА СИТЕ КОИ ТАКА МЕ СФАТИЈА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    НЕМА ДА ИМА ДАНОК ЗА НЕМАЖЕНИ И НЕЖЕНЕТИ, СЕ ИЗВИНУВАМ НА СИТЕ КОИ ТАКА МЕ СФАТИЈА, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ

    „САКАМ ДА КАЖАМ“

    платформа за слободоумни е проект на

    СДК Михајловски Дооел, Скопје и на Здружение „Сакам да кажам“ Скопје.

    Уредник: Горан Михајловски
    Проверка на факти: Марина Костова
    Менаџер на социјални мрежи: Мирослав Илиоски
    Редакција: [email protected]
    контактирајте нѐ: [email protected]
    Поштенски фах: 367
    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Архива

    Колумната САКАМ ДА КАЖАМ излегува од 12 јануари, 1991 година

    © 2016 - 2025 Сакам Да Кажам. Сите права задржани | Политика на приватност | Политика на инклузија | Правилник за внатрешно пријавување | Кодекс на однесување | Маркетинг понуда

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    ДОНИРАЈ