ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СТАРИ И БОЛНИ ЛИЦА ЌЕ ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СТАРИ И БОЛНИ ЛИЦА ЌЕ ДОБИЈАТ ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСЧленовите на семејството или лицето кои се грижи за овие лица, ќе треба да поднесе барање за добивање дозвола до Министерството за информатичко општество и администрација. (Фото: К.Попов)

    Дозволи за движење за време на полицискиот час ќе добијат и граѓаните кои се грижат за стари, болни и немоќни лица. Членовите на семејството или лицето кои се грижи за овие лица, ќе треба да поднесат барање за добивање дозвола до Министерството за информатичко општество и администрација, на електронската адресата [email protected]   .

    „Покрај личните податоци на барателот на дозволата односно име и презиме и матичен број, треба да се приложи и медицинска потврда што ја докажува здравствената состојба за лицата за кои тие се грижат. Дозволата граѓаните ќе ја добијат исто така електронски односно на нивната и-мејл адреса“, кажа на денешната прес-конференција министерот Дамјан Манчевски.

    Досега за движење за време на полицискиот час се издадени 27.000 дозволи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира