ГРАЃАНИТЕ КОИ ВИКЕНДОВ СЕ ВАКЦИНИРАА ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ, ТРЕБА ВРЕМЕ ДА СЕ СОЗДАДЕ ИМУНИТЕТ, АПЕЛИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ГРАЃАНИТЕ КОИ ВИКЕНДОВ СЕ ВАКЦИНИРАА ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ, ТРЕБА ВРЕМЕ ДА СЕ СОЗДАДЕ ИМУНИТЕТ, АПЕЛИРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОНајчесто, несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата. (Фото: СДК.МК)

    Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“, како и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да бидат исклучително внимателни и да продолжат да ги почитуваат мерки, бидејќи е потребно време за да се создаде имунититет, велат од Министерството за здравство.

    „По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, објаснуваат од Министерството за здравство

    Оттаму додаваат дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 10 отсто од вакцинираните. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто, несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

    Викендов, илјадници македонски граѓани се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, а од среда е најавено дека ќе почне и вакцинирање во Македонија со истата вакцина, откако денеска пристигна пратка со 24.000 дози.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира