ГРАЃАНИТЕ КОИ ЗЕМАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ПРЕКУ „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ ДО 25 АВГУСТ ДА ОТВОРАТ СМЕТКА ВО ДРУГА БАНКА

    ГРАЃАНИТЕ КОИ ЗЕМАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ПРЕКУ „ЕУРОСТАНДАРД БАНКА“ ДО 25 АВГУСТ ДА ОТВОРАТ СМЕТКА ВО ДРУГА БАНКАОткако вчера беше соопштено дека на банката ѝ е укината дозвола за работа и ќе оди во стечај, од Министерството за труд и социјална политика велат дека за да продолжи навремената и редовно исплата, корисниците до 25 август треба да одберат друга банка и да ја информираат дека преку неа сакаат да ја добиваат помошта. (Фото: К. Попов)

    Граѓаните кои преку „Еуростандард банка“ добивале социјална помош, додаток за детска заштита и згрижувачките семејства до 25 август треба да отворат нови сметки. Откако вчера беше соопштено дека на банката ѝ е укината дозвола за работа и ќе оди во стечај, од Министерството за труд и социјална политика велат дека за да продолжи навремената и редовно исплата, корисниците треба да одберат друга банка и да ја информираат дека преку неа сакаат да ја добиваат помошта.

    „Доколку покрај трансакциската сметка во ‘Еуростандард банка‘ корисникот има трансакциска сметка и во друга банка, освен ‘Охриска банка’, да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка. Доколку корисникот нема сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата освен ‘Охридска банка‘ заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

    Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото. Од Министерството објаснуваат дека корисниците на овие парични средства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира