ГРАЃАНИТЕ МИСЛАТ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА Е СЕРВИС НА ВЛАДАТА, ПАРТИИТЕ И ВРВОТ НА МВР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРАЃАНИТЕ МИСЛАТ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА Е СЕРВИС НА ВЛАДАТА, ПАРТИИТЕ И ВРВОТ НА МВР

    Над половина од испитаните граѓани, или 58,5 отсто, се изјасниле дека имаат доверба во полицијата во анкетата што ја спроведе Поинтпулс, регионална мрежа на седум граѓански организации од Западен Балкан поддржан од ЕУ. Според истражувањето презентирано денеска во Скопје, етничките Македоници генерално имаат гледишта кои се повеќе позитивни од оние на етничките Албанци, особено на прашањата за доверба. Освен тоа, нивото на доверба е најголемо кај вработените во јавниот сектор, по кои следат пензионерите и вработените во приватниот сектор. Студентите и невработените граѓани имаат многу помала доверба во полицијата, покажува ова истражување. Граѓаните од рурални средини имаат поголемо ниво на доверба отколку во урбаните, при што највисоко ниво на доверба е забележано во Источна и Централна Македонија, а најниско во Северозападниот регион вклучувајќи го и Куманово.

    Негативните перцепции преовладуваат во многу аспекти во работата на полицијата. Анкетираните сметаат дека процесот на вработување во полицијата е преку политички (41,2%) или преку роднински или пријателски врски (20,6%). Само 12,3 отсто се изјасниле дека вработувањето оди преку јавен оглас.

    Освен тоа, се смета дека полицијата е средство за заштита на интересите на одредени групи отколку сервис на граѓаните. Една третина од испитаниците (35,5%) смета дека полицијата работи како сервис на граѓаните. Останатите мислат дека полицијата претежно работи како средство за заштита на интересите на одредени групи: интересите на Владата (26,8%), интересите на политичките партии (25,6%) или како средство за заштита на интересите на луѓето од највисок ранг во полицијата (12,1%). Збирно, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека политичарите имаат влијание врз работата на полицијата.

    Освен полицијата, единствено образованието и здравството добиле позитивни оцени за нивото на доверба од повеќе од половина од испитаниците, додека институции во кои се има најмала доверба се судството, Антикорупциската комисија, обвинителството и Собранието. Покрај тоа, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека во сите институции освен во невладините организации има високо ниво на корупција. Се смета дека институции во кои корупцијата е најраспространета се судството, по што следи обвинителството, пазарната инспекција и царината, а полицијата, по овој параметар, е некаде во средината.

    Натаму, резултатите од истражувањето на Поинтпулс покажуваат дека сообраќајната полиција се смета за најкорумпиран сектор, по што следат најблиските соработници на министерот за внатрешни работи и граничната полиција. За најмалку корумпирани се сметаат полициските службеници кои се задолжени за јавен ред и мир.

    Дури 76 отсто од испитаните се изјасниле дека би пријавиле барање мито од службено лице од МВР, но не во секторот за внатрешна контрола. Најголем дел би пријавиле случај на корупција во локалната полициска станица или кај командирот на полициската станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира