ГРАЃАНИТЕ ВО СТРАНСТВО СО НЕСМЕНЕТИ ПАСОШИ ЌЕ ТРЕБА ДА ИЗВАДАТ ПАТНИ ЛИСТОВИ ВО АМБАСАДИТЕ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА ПО 12 ФЕВРУАРИ, ОСМАНИ ВЕЛИ НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКА

    ГРАЃАНИТЕ ВО СТРАНСТВО СО НЕСМЕНЕТИ ПАСОШИ ЌЕ ТРЕБА ДА ИЗВАДАТ ПАТНИ ЛИСТОВИ ВО АМБАСАДИТЕ ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНИЈА ПО 12 ФЕВРУАРИ, ОСМАНИ ВЕЛИ НЕМА ПРОСТОР ЗА ПАНИКАЗа три дена истекува рокот за промена за личните документи и со тоа истекува можноста личните документи со Република Македонија да важат за надворешна употреба. - Mакедонската амбасада во Загреб (Фото: СДК.МК)

    Македонските државјани кои ќе се затекнат во странство со пасош со старото име ќе може да се вратат со патни листови издадени од нашите дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП), кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

    За три дена истекува рокот за промена за личните документи и со тоа истекува можноста личните документи со Република Македонија да важат за надворешна употреба. 

    „Граѓаните кои треба да се вратат во Македонија или се затекнати тука по 12 февруари, се обврска на МНР и ние разговараме со државите на билатерална основа за да им излезат во пресрет“, кажа Османи.

    Министерот рече дека вчера имал целодневен состанок со сите 60 дипломатски претставништва, со сите вработени во секое од тие ДКП.

    „Има одредена паника дека тие што немаат нови пасоши, по 12 февруари ќе ги изгубат работните места и особено оваа паника е кај нашинците во Берлин, Бон, Минхен, Берн, Венеција, Рим, Љубљана… и други, има наплив на барања за нови патни исправи. Нема простор да паника. Тие што ќе се затекнат со пасош со старото име, ќе може да се вратат со патни листови издадени од нашите ДКП“, вели Османи. 

    Тој рече дека во Германија и Италија се однесени две нови базни станици, зашто таму има најголем наплив. Османи додаде дека ќе може онлајн да ги поднесат барањата за нови пасоши, а по пошта ќе ги добиваат готовите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира