ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПОЧНЕ НА 1 ОКТОМВРИ АКО ДНЕВНАТА ТЕМПЕРАТУРАТА Е ДО 12 СТЕПЕНИ, ВЕЛИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

    ГРЕЈНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПОЧНЕ НА 1 ОКТОМВРИ АКО ДНЕВНАТА ТЕМПЕРАТУРАТА Е ДО 12 СТЕПЕНИ, ВЕЛИ РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈАОфицијално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година.(Фото: К.Попов)

    Грејната сезона може да започне порано, односно на 1 октомври, доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени, велат од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Официјално, грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година.

    „Доколку добиеме податоци од Управата за хидрометеоролошки работи дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови веднаш РКЕ ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Снабдувачите на топлинска енергија во моментов прават ладни проби за да може без проблем да започне испораката.

    „Одржавме состанок со Снабдување со топлина БЕГ и Скопје Север, додека со ЕСМ Енергетика во телефонски разговор ни потврдија дека се подготвени за новата грејна сезона. Снабдувачите се свесни дека измените на законите за зголемување на казните се во постапка и оваа грејна сезона веќе се на терен проактивни. Од БЕГ не информираа дека во моментот имаат проблем со  околу 380 колективни станбени објекти кои  имаат дефекти во внатрешна инсталација или немаат електрична енергија во топлинските станици, со што е оневозможен пристап на екипите до топлинските станици. Апелирам до  Управителите на објектите, односно  Заедниците на сопственици  да ги подмират навреме сметките за електрична енергија за топлинските станици за да може без проблеми да стартува грејната сезона“, додава Бислимоски.

    Од минатата грејна сезона до оваа приклучени се околу 2.000 нови потрошувачи на трите топлани, меѓу кои и дел од комплексот Лимак. Во Скопје околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира