ГРЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛOТ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА НАТО

    ГРЦИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛOТ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА НАТОВо грчкиот парламент, „за“ ратификација на Пристапниот протокол гласаа 145 пратеници на Сириза и осуммина независни пратеници. (Фото: Катимерини)

    Грчкиот парламент вечерва го ратификуваше протоколот за Македонија да му се приклучи на НАТО со 153 гласа „за“ и 140 гласа „против“. Пристапниот протокол сега треба да биде ратификуван и од останатите 28 земји членки на алијансата, по што Македонија, со новото име Северна Македонија, ќе стане 30. членка.

    Претставниците на земјите членки на НАТО во средата го потпишаа пристапниот протокол во седиштетот на НАТО во Брисел, заедно со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, откако претходно и грчкиот парламент го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се стави крај на спорот за името.

    Грција сега треба да испрати вербална нота до Македонија со која ќе ја информира за ратификацијата на Договорот од Преспа и на Протоколот за НАТО. По приемот на нотата, Македонија ќе испрати вербална нота до Грција и ОН дека Договорот стапува на сила. Потоа, Македонија со писмо ќе ги извести ОН и меѓународните организации дека земјата сега се вика Република Северна Македонија.

    По официјалната промена на името следува отворање амбасади во двете земји. Досегашните канцеларии за врски во Скопје и Атина прераснуваат во амбасади.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари