ГРУЕВСКИ И ИВАНОВ ОБОЕНИ ПА ЗАПАЛЕНИ ПРЕД ВЛАДА

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ И ИВАНОВ ОБОЕНИ ПА ЗАПАЛЕНИ ПРЕД ВЛАДА

    Скандирајќи „Готов си Никола!“ демонстрантите запалија слики од Ѓорѓе Иванов и од Никола Груевски.  Тие претходно пред Влада поставија големи портрети од претседателот на Републиката, Иванов и од поранешниот премиер Груевски. Кај поранешниот премиер стои објаснување-мафија, а кај претседателот- аболиција. Тие беа вечерашните мети за бојосување. Балони со боја завршија на лицата на двајцата и на двајцата демонстрантите им допишаа „готов си“.

    На пат кон Влада со платно со пораки демонстрантите ја прекирија милионската ограда на мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“.  Без застанување минаа покрај Министерството за надворешни работи.

    И вечерашниот протест беше масовен. Организаторите кусо се обратија на масата народ пред Собрание, а претходно минрно, без бојосување, демонстрантите поминаа покрај Министерството за првда и Порта Македонија.

    Денес е петнаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира