ГРУЕВСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ ШТО СЕ ОТКАЖАЛ ОД ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА

    ГРУЕВСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ ШТО СЕ ОТКАЖАЛ ОД ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски зборуваше за постигнувањата од неговото 11-годишно владеење пред да биде избрана новата влада. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на опозицијата Никола Груевски му честиташе на премиерот Зоран Заев што потпишал дека нема да ја поддржи Тиранската платформа во неговиот говор во Собранието пред изборот на новата влада. Тој им честиташе и на демонстрантите од „За Заедничка Македонија“, претседателот Ѓорге Иванов и на неговата пратеничка група.

    „Го поздравувам приземјувањето на мандаторот по однос на залетот во вознес за добивање на премиерската функција и тоа што потпиша дека нема да ја поддржи Тиранската платформа. Честитики за народот што протестираше против тоа со цел да ја зачува унитарноста на државата. Честитки за претседателот на државата, но и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Никој од нас не се бореше да им ускрати нешто на Албанците“, изјави Груевски.

    По изборот на новата влада, пратеникот Никола Груевски веднаш си замина и не остана на коктелот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира