ГРУЕВСКИ НЕ СМЕЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ПОРАЧА ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ НЕ СМЕЕ ДА ФОРМИРА ВЛАДА, ПОРАЧА ЗАЕВ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека Никола Груевски не смее да формира влада и на сите партиите што влегоа во парламентот, освен ВМРО-ДПМНЕ, им порача да ја почитуваат, како што кажа, јасно изразената волја за промени на граѓаните.

    „Заедно поразивме режим, промените продолжуваат. Им порачуваме на сите партии, освен ВМРО-ДПМНЕ, да не се обидуваат да ја поништат јасно изразената волја за промени на граѓаните. Никола Груевски не смее да формира влада“, изјави Заев на денешната прес-конференција.

    Заев најави и дека е можно соодносот на мандати освоени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по завчерашните избори да биде 50:50.

    „СДСМ има повеќе мандати во шестата изборна единица. Поради констатираните нерегуларности ќе поднесеме приговори, така што вистинската слика за добиените мандати ќе ја дадат конечните резултати“, додаде Заев.

    Според првичните резултати, објавени вчера од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ има 51 мандат, два повеќе од СДСМ. ДУИ има 10, БЕСА 5, АА 3 и ДПА 2.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира