ГРУЕВСКИ НЕМА ДА ОДИ УТРЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ЗАТОА ШТО ЗНАЕ КАКВА ЌЕ БИДЕ ПРЕСУДАТА

    ГРУЕВСКИ НЕМА ДА ОДИ УТРЕ ВО АПЕЛАЦИЈА ЗАТОА ШТО ЗНАЕ КАКВА ЌЕ БИДЕ ПРЕСУДАТА„Ова е политички процес, а не судски. Не може ништо да промени моето присуство на седницата каде има однапред донесена политички инструирана пресуда“, кажа поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција во Собранието. (Фото: К. Попов)

    Поранешниот премиер Никола Груевски и неговите адвокати нема да присуствуваат на утрешното продолжение на седницата во Апелациониот суд за неговата жалба за двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“ оти, како што кажа тој на денешната прес-конференција, пресудата била веќе донесена.

    „Сè се сведува на предмет кој е во предвечерието на референдумот за промена на името. Сакаат да ме осудат до петок и да донесат пресуда. Јас сум обвинет дека сум сакал да се возам во блиндирано луксузно возила. Не ми суди судот, туку политиката. Ова е политички процес, а не судски. Не може ништо да промени моето присуство на седницата каде има однапред донесена политички инструирана пресуда“, кажа поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција во Собранието.

    Груевски рече дека на 30 август откако се одложила седницата за „Тенк“ според неговите сознанија врз в.д. претсeдателката на Апелациониот суд Лидија Димчевска бил направен политички притисок од многу висока инстанца и дека таа барала од судиите од судечкиот совет да гарантираат дека ќе гласаат за осудителна пресуда. Имало и предлог казната да му се намали на една година за да нема право на жалба и дека планот бил на 31 август да започне и да заврши јавната седница а в петок да биде објавена пресудата на Апелација.

    Никола Груевски рече дека имало повеќе судии кои се спротивставиле на притисокот укажувајќи дека првостепената пресуда била незаконска и имала големи пропусти, а само личност не подлегнала на притисокот и била заменета спротивно АКМИС системот.

    Тој ја повика Власта да докаже каде се милијардите кои ги има украдено и да ги покаже доказите за другите обвиненија.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира