ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НА АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА ЌЕ ОДГОВОРИ СО МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПРЕГОВОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НА АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА ЌЕ ОДГОВОРИ СО МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПРЕГОВОРИ

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му порачал на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние дека и македонската заедница може да направи своја платформа и да ја постави како услов за преговарање како што тоа сега го прави ДУИ, соопшти партијата по средбата со амбасадорот.

    „Мнозинската заедница, поточно македонската, да направи своја нова платформа и да ја постави како услов за сега и за во иднина, што ќе биде причина за нови проблеми и прегрупирања, така што не прифативме разговор базиран на една национална платформа и сметаме дека тој што ги убедил ДУИ да тргнат по еден ваков пат им направил ‘мечкина услуга’“, се раскажува во долгото соопштение за средбата со амбасадорот.

    По германската амбасадорка Кристине Актхаузер и претставничка на ОБСЕ Нина Суомалаинен, ВМРО-ДПМНЕ објави долго соопштение со раскажување на целиот разговор и со францускиот амбасадор. - Кристијан Тимоние на десетгодишниот јубилеј на Академијата за судии и обвинители на 24 ноември. Франција е еден од донаторите на Академијата за судии и обвинители

    По германската амбасадорка Кристине Актхаузер и претставничка на ОБСЕ Нина Суомалаинен, ВМРО-ДПМНЕ објави долго соопштение со раскажување на целиот разговор и со францускиот амбасадор. – Кристијан Тимоние на десетгодишниот јубилеј на Академијата за судии и обвинители на 24 ноември. Франција е еден од донаторите на Академијата за судии и обвинители

    ВМРО-ДПМНЕ објаснува дека на Тимоние му било посочено дека „понудената платформа е еден обид за репреговарање на Охридскиот Рамковен договор на мала врата. Партиите во Македонија многу одамна се договорија и го повторивме тоа, а истото го повтори и меѓународната заедница дека не треба да има репреговарање на Охридскиот рамковен договор и ако се репреговара сите страни на маса ќе извадат нови барања и тогаш се отвора пандорина кутија и не се гледа крајот“.

    Францускиот амбасадор прашал дали во ВМРО-ДПМНЕ се смета дека Ахмети е искрен во тоа што го кажува во политиката, на што од партијата му одговориле дека „неговата искреност и мудрост сега се на многу сериозен тест“.

    Од ВМРО-ДПМНЕ му кажале на амбасадорот дека „во нашата држава има повеќе партии кои имаат специфика прилично несвојствена за други држави во светот, а тоа е да бараат и да чекаат мислење од некој надворешен фактор за работи за кој вообичаено во земјите насекаде во светот не се очекува мислење за такви работи од надворешни фактори, или дури и не може да се замисли некој друг да се вмешува во носењето на одредени одлуки на партиите“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира