ГРУЈЕВСКИ ДОБИ ПОВИК „ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕМА ДА ИМА! ПОД ПРИТИСОК НА СТРАНСКИ ФАКТОР КАЈ ИВАНОВ!“, СВЕДОЧИ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТО

    ГРУЈЕВСКИ ДОБИ ПОВИК „ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НЕМА ДА ИМА! ПОД ПРИТИСОК НА СТРАНСКИ ФАКТОР КАЈ ИВАНОВ!“, СВЕДОЧИ ОБВИНЕТИОТ НИНЏА НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ ВО СОБРАНИЕТООбвинетиот Александар Василевски - Нинџа денеска на судењето за 27 април ја дава својата одбрана. (Фото: К. Попов)

    Сведочењето на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани продолжи со објаснување како пропаднал планот за воведување вонредна состојба од претседателот Ѓорге Иванов под притисок на, како што кажа Нинџа, странскиот фактор.

    „Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките“, сведочи Нинџа.

    Потоа, како рече Нинџа, Никола му се јавил на Атанасовски и му кажа дека внатре ситуацијата излегла од контрола. Директорот на УБК цинично одговорил: „Комуњарите сакаа да бираат претседател? Така им е!“.

    „Во штабот на осми кат е и лицето шеф на кабинет на Иванов, Борис Јосифовски, и во секој момент може да биде прогласена воена состојба. На една од клупите во Жена парк го сретнав Горан Грујевски. Со него беше Дракче од Крива Паланка од секторот за обезбедување и документирање. Поседов со него, Бошкоски отиде кај колегите од УБК. Горан ми кажа дека под прикриени операции внатре има луѓе од военото разузнавање. Секој момент ќе биде прогласена. Одеднаш доби повик. Рече: ’Ова не е на арно. Некој друг ја презеде контролата!‘, сведочи Нинџа.

    „Ова што го видов на осми спрат, го видов само јас. Остана длабоко во мене!“, се чудеше денеска Нинџа.

    „Подоцна уште еден повик доби Грујевски: ’Вонредна состојба нема да има! Под притисок на странски фактор кај претседателот Иванов!”, рече Нинџа.

    Сведочењето на Нинџа е во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари