ХИМНАТА, МАКЕДОНСКИ БРОД И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

    ХИМНАТА, МАКЕДОНСКИ БРОД И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТАВо однос на името на МАНУ, владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека денеска се водат разговори со академиците.-Таблите со новото име на граничниот премин Богородица. (Фото: Ѓ.Личовски)

    На градовите Македонски Брод и Македонска Каменица нема да им се менува името, ниту пак ќе има промени во химната, кажа портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

    Во однос на името на МАНУ Бошњаковски рече дека денеска се водат разговори со академиците и кога ќе имаат информации ќе бидат соопштени.

    „Три принципи се употребени при промената на имињата на називите. Секаде каде во името се содржел зборот Република Македонија или Македонија сега е заменоето со Република Северна Македонија. Принципот на замена на придавката македонски/ка на оние институции кои се од национален, државен карактер се менува со национален/на. Придавката македонски/ка се употребува секогаш кога е поврзана со културен етнички идентитет на пример македонски народ, македонски јазик, македонска литература, македонска историја, македонско кирилично писмо“, рече Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира