ХОЛАНДИЈА БАРА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА НЕ ОДАТ ВО ПАКЕТ ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

    ХОЛАНДИЈА БАРА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ДА НЕ ОДАТ ВО ПАКЕТ ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО ЕУХоландското МНР смета дека сѐ уште има потреба од усвојување на закон за борба со висока корупција. - Министрите за надворешни работи Стеф Блок и Никола Димитров (Фото: Твитер)

    Холандија сака Северна Македонија и Албанија да бидат одделно третирани по прашањето дали да се отворат пристапни преговори со Европската унија, одлука која треба да биде донесена на 15 октомври на Советот на министри, а потврдена на состанокот на Европскиот совет на 18 октомври.

    Во соопштението на холандското МНР, објавено од холандската амбасада во Тирана по вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот парламент, се вели дека е направен охрабрувачки напредок кога е во прашање Северна Македонија, посебно со продолжувањето на случаите на СЈО со нивното предавање кај Јавниот обвинител, но сѐ уште има потреба од усвојување на закон за борба со висока корупција.

    „Земјите кандидатки мора да ги исполнат строгите критериуми пред да се направи следниот чекор во процесот на интеграција. Во јуни 2018, Советот постави неколку критериуми да бидат исполнети од Северна Македонија пред да бидат отворени преговорите. Направениот напредок е охрабрувачки. Договорот од Преспа, исто така, е пример за регионот. Продолжувањето на случаите на СЈО е осигурано со нивното предавање кај Јавниот обвинител. Сѐ уште треба да се направи важен чекор со усвојувањето на закон со кој ќе се гарантира независно гонење на идните случаи на висока корупција“, се вели во соопштението.

    За Албанија, Холандија смета дека треба да се направи уште во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира