ХОЛАНДИЈА ВОВЕДЕ КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ СО ТРЕТАТА ДОЗА

    ХОЛАНДИЈА ВОВЕДЕ КАРАНТИН ЗА ПАТНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА КОИ НЕ СЕ ВАКЦИНИРАНИ СО ТРЕТАТА ДОЗАХоландија ја стави Македонија на листата земји со многу висок ризик од зараза (Фото: ТАВ)

    Од утре се заоструваат условите за влез во Холандија за македонските граѓани откако Македонија беше ставена на листата на земји со многу висок ризик од зараза со коронавирус. На оваа листа се додадени вкупно 12 држави, меѓу кои и Албанија, БиХ, Србија и Турција.

    Патниците од Македонија кои се вакцинирани или имаат доказ за прележан ковид-19 ќе мора да одат во карантин ако не ја примиле третата доза од вакцината. Останува обврската да се приложи и негативен тест за коронавирус.

    За да се избегне задолжителниот карантин, третата доза треба да се прими најмалку седум дена пред доаѓањето во Холандија. Од одење во карантин се ослободени и деца до 12 години. Сите патници мора да пополнат изјава за карантин, дури и ако не треба да одат во карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира