ГИ КУПИВМЕ СИТЕ ЛАЛИЊА ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА СО ПОДАРОЦИ ЗА ДЕНОТ НА КРАЛОТ

    ГИ КУПИВМЕ СИТЕ ЛАЛИЊА ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ, ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА СО ПОДАРОЦИ ЗА ДЕНОТ НА КРАЛОТХоландскиот амбасадор Дирк Јан Коп го предаде подарокот на министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани. (Фото: МИА)

    По повод Денот на кралот, холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп денеска подари 1.100 лалиња и стотина книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик, за здравствените работници, како и за пациентите заболени од коронавирус. Подарокот го примија министерот за надворешни работи Никола Димитров и заменик-министерот за здравство Арменд Арслани.

    Амбасадорот Коп вели дека во нормални околности би го прославувале Денот на кралот со голема забава, но оваа година тоа не е возможно поради пандемијата на коронавирус. Затоа, како што рече Коп, одлучиле да направат симболичен гест по тој повод и го купиле буквално секое лале што го нашле во земјава.

    „Успеавме да најдеме 1.100 лалиња и исто така успеавме да најдеме книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик околу стотина, кои сакаме да ги подариме на вработените во клиниките и во Институтот за јавно здравје, како и на пациентите заболени од коронавирус. Овој е во знак на нашата почит за напорната работа и несебичното залагање на здравствените работници во Северна Македонија“, рече Коп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира