На дебатата на 21 јуни холандскиот парламент го потврди принципот на строг и правичен пристап кога станува збор за отворање на преговорите за членство во Европската унија, велат од Холандската амбасада во Скопје по извештаите во албанските медиуми дека холандскиот парламент гласал против Албанија, а во корист на Македонија.
Холандија го поздравува позитивниот развој на настаните во Македонија и историскиот договор за прашањето со името во пресрет на состанокот на Советот на Европската унија, кој ќе донесе одлука дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.
„Холандија го поздравува позитивниот развој на настаните во Македонија и историскиот договор за прашањето со името. На дебатата на 21 јуни холандскиот парламент го потврди принципот на строг и правичен пристап кога станува збор за отворање на преговорите за членство во Европската унија. Одлуката ќе биде донесена од Советот на Европската унија наредната недела“, велат од Холандската амбасада.