ХУМАНИТАРНИОТ КАЛЕНДАР СО РАЗГОЛЕНИ ТВИТЕРЏИИ ГОДИНАВА ВО КАМПАЊАТА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ХУМАНИТАРНИОТ КАЛЕНДАР СО РАЗГОЛЕНИ ТВИТЕРЏИИ ГОДИНАВА ВО КАМПАЊАТА ПРОТИВ ХИВ/СИДА

    Десет твитерџии и твитерџики се разголеа за Твитер календарот за 2017 година, кој вечерва беше промовиран во фоајето на кино „Фросина“. Ова е четврто издание на календарот, а втора година по ред го прави фоторепортерот Ѕвонко Плавевски, овојпат со помош на Димитар Петровски-Дими.

    Втора година по ред автор на календарот е фоторепортерот Ѕвонко Плавевски, овојпат заедно со Димитар Петровски-Дими. (Фото: СДК.МК)

    Втора година по ред автор на календарот е фоторепортерот Ѕвонко Плавевски, овојпат заедно со Димитар Петровски-Дими. (Фото: СДК.МК)

    Средствата собрани од продажба на календарот, како и досега, ќе одат во хуманитарни цели. Промоцијата на календарот е дел од активностите за Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, под мотото „Шизици уживајте без ризици! Тестирај се, заштити се, не дискриминирај…“

    На промоцијата дојде и специјалната обвинителка Ленче Ристоска. (Фото: СДК.МК)

    На промоцијата дојде и специјалната обвинителка Ленче Ристоска. (Фото: СДК.МК)

    „Лесно најдовме луѓе кои сакаа да се фотографираат за календарот и снимањето одеше спонтано и неинхибирано. Соработката со Димитар беше природна и многу ни е мило што годинава со календарот даваме поддршка за ваква хуманитарна цел“, изјави Плавевски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    tviter-kalendar-2

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира