И ФУЕРЕ СЕ ПРИДРУЖИ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    И ФУЕРЕ СЕ ПРИДРУЖИ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере вечерва им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство во Скопје, јави агенцијата МЕТА.

    “Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата„ изјави поранешниот евроамбасадор.

    Во моментот додека тој даваше изјава, пред СЈО се појави и специјалната обвинителка Катица Јанева, која бурно беше поздравена од насобраните граѓани. Таа само се насмевна и влезе во зградата каде што привремено е сместен нејзиниот тим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари