И ЈАНЕВА НА УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕА ВО „РЕКЕТ“

    И ЈАНЕВА НА УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕА ВО „РЕКЕТ“Разрешената специјална обвинителка Катица Јанева во вторникот беше на распит во Обвинителството за организиран криминал, но одби да даде исказ пред да ги види доказите против неа. (Фото: Роберт Атанасовски/пул)

    Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева околу пладне беше донесена во Обвинителството за организиран криминал и корупција на увид во доказите против неа во случајот „Рекет“. Таа е осомничена за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања и е во притвор во затворот во Шутка од 21 август, кога беше уапсена. Јанева беше на распит кај Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и коруција, во вторникот, но одби да даде исказ додека не изврши увид во доказите, што е нејзино законско право.

    Вчера, првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 беше спроведен од затворот во Шутка во Обвинителството за организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите против него. Во „Рекет“, осомничен е и Зоран Милевски-Кичеец, кој неделава беше пуштен во куќен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира