И КУЧИЊАТА ВО БИТОЛА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И КУЧИЊАТА ВО БИТОЛА ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИТЕ

    Пекинезерот Мона е само едно од неколкуте кучиња кои скоро секоја вечер излегуваат на протестите. Освен уличните кучиња кои редовно ги  им се приклучуваат на демонстрантите, се почести се и домашните миленици кои наместо на прошетка во паркот со газдите доаѓаат на протестите.
    Сопственичката на Мона вели дека кучката се навикнала на протестите, па почнала да го препознава времето кога се потестира и станувала нервозна, ако не ја извадат надвор. Дел од демонстрантите на шега ја споредија со кучето Борко кое минатата година редовно ги следеше протестите на студентите, хонорарците и новинарите во Скопје. На други пак, Мона им заличе на кучето Луканикос кое беше маскота на протетстре во Атина против штедењето, а воедно стана и интернет сензација , па и американскиот магазин „Тајмс“ објави галерија со негови фотографии.

    Мона и неговиот другар Арап ги фотографиравме на крстосницата пред дирекцијата на УЈП во Битола која беше блокирана вчерва од страна на „Битолското движење“ кое протестира барајќи повлекување на аболицијата за битолскиот градоначалник Владимир Талески и оставка од Претседателот Ѓорге Иванов.
    Демонстрантите вечерва го исвиркаа УЈП велејќи дека во изминатиот период им задало маки на многу граѓани. Потоа ја блокираа крстосницата кај ракоментното игралиште, односно на влезот на Битола од страната на Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари