И ММФ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ ЗА ПЕНЗИИ

a:1:{s:9:"td_source";s:27:"Вашингтон(ММФ)

    И ММФ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ ЗА ПЕНЗИИ

    По Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во послeдниот извештаj за Македонија предупредува на големиот дефицит на пензискиот фонд.

    „Јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението“, се вели во извештајот на ММФ објавен вечерва.

    „На 4,5 проценти од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските стапки на придонеси и ниското учество на работната сила. Без реформи и со намалувањето на работоспособното население, до 2030 година се проектира дека пензискиот дефицит ќе се зголеми двојно повеќе“, предупредува ММФ.

    ММФ укажува и на стареењето на населението што веројатно ќе направи притисок и врз трошоците за здравство.

    Меѓународниот монетарен фонд на Владата и дава неколку опции за да се обезбеди долгорочна одржливост на пензискиот систем. Тоа е зголемување на законската возраст за пензионирање, ревидирање на индексацијата според индексот на цените на трошоци на живот во согласност со многуте земји во ЕУ, спроведување реформи за зголемување на учеството на работната сила, а особено на жените што е едно од најниските во Европа разгледување на можно зголемување на стапките на придонеси, доколку одржливоста не е обезбедена преку други мерки.

    Во вторникот и Светската банка предупреди на кусокот во Пензискиот фонд. Во извештајот за Македонија беше нотирано дека  пензискиот фонд се полни со дури 45 отсто средства од Буџетот. Допонителен притисок на Фондот прави и тоа што дури 89 проценти од новоотворените работни места се со стимулација од Буџетот.

    Извештајот на ММФ можете да го прочитате на англиски и на македонски јазик на следниов линк:

    http://www.imf.org/external/lang/macedonian/np/ms/2016/093016m.pdf

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира