И НА КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Ѝ Е ДОБРО, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВА ВО „ЖАН МИТРЕВ“

    И НА КАТИЦА ЈАНЕВА НЕ Ѝ Е ДОБРО, ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ПРЕГЛЕДУВА ВО „ЖАН МИТРЕВ“Притворената поранешна Специјална обвинителка Јанева вчера добила силна тахикардија и затворската управа проценила дека таа денеска треба да биде прегледана кардиолошки, услуга што ја нема во затворот во Шутка. (Фото: СДК.МК)

    Поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор, вчера добила силна тахикардија и затворската управа проценила дека таа денеска треба да биде прегледана кардиолошки, услуга што ја нема во затворот во Шутка.

    Според извори блиски до Јанева, таа и претходно имала проблеми со срцето и оваа состојба не е нешто невообичаено за неа. Оставено било нејзините деца да најдат специјалист и клиника за соодветниот преглед и терапија што треба да ја прима во Шутка, а тие ја избрале клиниката „Жан Митрев“.

    Денеска обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска го пишува обвинението за првиот дел од рекетот врз Орце Камчев, каде што Јанева е третосоомничена, а прво и второосомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

    Неофицијално, Јанева ѝ спомнала на Русковска дека сака да се спогоди со признавање на вината, но, како што кажа синоќа Русковска, „предлогот за спогодба со некој од осомничените е слушнат, но не е одлучено по него“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира