Полицискиот час од 22 до 5 часот останува на сила од утре, соопшти Министерството за здравство. Владата оваа мерка ја донесе на 10 март, по предлог на Комисијата заразни болести и беше најавено дека ќе важи до 22 март.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ставот за оваа мерка е донесен брз основа на последните бројки на новодијагностицирани лица и на лицата кои имаат потреба од хоспитализација. Според него, во текот на неделата дополнително ќе се разговара за воведување поостри рестриктивни мерки. Ако се влоши состојбата, ќе се бара зголемување на полицискиот час и намалување на работното време на кафеаните и кафулињата.
Комисијата утре има состанок и предлогот за продолжување на полицискиот час ќе биде доставен до Владата.
И натаму, отстапки од забраната ќе има за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа. За слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на Министерството за внатрешни работи.
Во изминатото деноноќие по компликации од ковид-19 починаа 25 лица на возраст од 61 – 91 година, а од 2.730 тестирања регистрирани се 642 нови случаи или 23,5 отсто од тестираните.
Б. НЕСТОРОСКА