И САМ ЧОВЕК НА УЛИЦА ЌЕ МОРА ДА НОСИ МАСКА, ЌЕ СЕ ОГРАНИЧИ БРОЈОТ НА ГОСТИ ВО КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА, СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 СЕ ВЛОШУВА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    И САМ ЧОВЕК НА УЛИЦА ЌЕ МОРА ДА НОСИ МАСКА, ЌЕ СЕ ОГРАНИЧИ БРОЈОТ НА ГОСТИ ВО КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА,  СОСТОЈБАТА СО КОВИД-19 СЕ ВЛОШУВА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ„Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплеметираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, рече министерот за здравство Венко Филипче; - Од цетнарот на Скопје. (Фото: K. Попов )

    Ограничување на бројот на лица на маса во угостителските објекти и за групирање на отворено, редуцирање на бројот на патници во јавен превоз и задолжително носење маска на отворено дури и кога сам човек се движи, се мерките кои се планира да се воведат ако се оцени дека трансимисијата на ковид-19 е неконтролирана, најави денес на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

    Според министерот, семејните прослави, свадби кои се забранети, и опуштањето на граѓаните во летниот период се главната причина за влошувањето на состојбата со епидемијата на ковид-19 и зголемениот број новозаболени пациенти и смртни случаи.

    „Ќе ги засилиме мерките и контролите и апелирам да се разбере пораката дека ситуацијата е многу сериозна. Искрено се надевам дека нема да стигнеме до карантин, ниту пак до новите рестриктивни мерки и дека нема да се имплементираат. Но, анализите покажуваат дека мерките не се почитуваат на настаните на отворено“, рече министерот.

    Филипче кажа дека се анализира зошто расте смртноста кај младите лица, и кажа дека останува препораката учениците од прво до трето одделение да почнат со физичка настава од 1 октомври.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира