И ШЕЌЕРИНСКА МЕЃУ ЖЕНИТЕ ВО ЦРНО КАКО ПОДДРШКА НА ПОЛСКИТЕ ЖЕНИ ПРОТИВ ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    И ШЕЌЕРИНСКА МЕЃУ ЖЕНИТЕ ВО ЦРНО КАКО ПОДДРШКА НА ПОЛСКИТЕ ЖЕНИ ПРОТИВ ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

    Десетина лица облечени во црно денеска протестираа пред Амбасадата на Полска во Македонија, јави агенцијата Мета. И потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска во знак на протестот наречен „Црн понеделник“ ги поддржа на Полјачките, кои денеска масовно протестираа во Варшава поради одлуката целосно да се забрани абортусот и тој да биде казнив и за жените и за лекарите.

    Десетина демонстранти во црно денеска пред Полската амбасада во Скопје (Фото: МЕТА)

    Десетина демонстранти во црно денеска пред Полската амбасада во Скопје (Фото: МЕТА)

    Демонстрантите со себе носеа транспаренти на кои пишува „Мое тело, мој избор“, „Надвор од мојата матка“, „Солидарност“.

    Протести на солидарност со жените од Полска денеска се одржаа во повеќе земји.

    За разлика од малите рурални места, кои се поконзервативни, во градовите низ Полска штрајкот беше помасовен

    За разлика од малите рурални места, кои се поконзервативни, во градовите низ Полска штрајкот беше помасовен

    Илјадници жени во Полска денеска не се појавија на работа, се откажаа од работи во домаќинството и рекоа дека ќе апстинираат од секс како протест поради планираните законски измени во земјата за криминализација на сите абортуси.

    Во знак на протест жените цел ден носеа црно во знак на одбивањето на предложените измени на законот за абортус, а преку воздржувањето од секакви активности, целта е да ја запрат полската економија.

    Доколку стапат на сила новите измени, сите абортуси во Полска би биле казниви и жените што би абортирале би се соочиле со затворски казни до пет години. Со затвор би се соочувале и медицинските лица кои би го вршеле или помагале абортусот.

    Полска и досега имаше еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа. Прекинот на бременоста беше дозволен само во рана фаза кога е загрозен животот или здравјето на мајката, кога има веројатност бебето да има трајни последици по здравјето и во случај кога бременоста настапила како последица на силување или инцест.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира