И СКОПЈЕ ДОБИ СВОЈА АЛЕКСАНДРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И СКОПЈЕ ДОБИ СВОЈА АЛЕКСАНДРИЈА

    Во скопската населба Ѓорче Петров, спроти Порта Влае денес беше поставен камен-темелник за новата населба која ќе го носи името Александрија.

    Населбата ќе се гради на простор од 150 илјади квадратни метри на кои се предвидени згради кои ќе ги задоволат сите еколошки стандарди. Предвидено е сите да имаат зеленило на покривите и на дел од терасите.

    Денес беше избран и кумот на населбата кому инвеститорот, Фабрика Карпош, му подари гарсониера за да му се заблагодари за името на населбата. Кумот беше избран по пат на извлекување, бидејќи името Александрија го дадоа повеќе од 30 учесници по јавниот повик за крштевање на населбата.

    Извлечен беше Сашо Ендровски, кој објасни од каде ја добил идејата за името Александрија.

    „Моментално работиме на преводот на Каменот од Розета и древното македонско писмо, и се сетив дека каде и да одел Александар Македонски градел градови кои го носат името Александрија. Бидејќи кај нас нема ниту едно облежје со ова име сметав дека би било убаво населбата да го носи токму ова име“, рече Енрдовски.

    Александрија се планира да ги добие првите жители до јули 2017 година. Во неа, според најавите, ќе може да живеат 20.000 семејства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира