И СКОПСКАТА БИСКУПИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА ЗА СВЕТИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И СКОПСКАТА БИСКУПИЈА ГО ОДБЕЛЕЖА ПРОГЛАСУВАЊЕТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА ЗА СВЕТИЦА

    Католичката црква во Скопје одржа миса во спомен куќата на Мајка Тереза со која го одбележа нејзиното прогласување за светица во Ватикан.
    Со денешната миса почна манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“ во организација на Скопската бискупија, која ќе трае до 11 септември. Централниот настан, миса на плоштадот „Македонија“, ќе се одржи на 11 септември и ќе ја води специјален пратеник на папата, сараевскиот надбискуп Винко Пулиќ.
    Мајка Тереза, родена во Скопје како Гонџа Бојаџиу, утринава, на церемонија на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан беше прогласена за светица од папата Фрањо, нецели две децении по нејзината смрт во Колката, Индија. На свеченоста присуствуваа 100.000 верници и бројни државни делегации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира