И СО НОВАТА ПРОГРАМА ЌЕ ИМ ГО ОЛЕСНИМЕ ЖИВОТОТ НА ЖЕНИТЕ, ПОРАЧА ГРУЕВСКИ ПРЕД УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И СО НОВАТА ПРОГРАМА ЌЕ ИМ ГО ОЛЕСНИМЕ ЖИВОТОТ НА ЖЕНИТЕ, ПОРАЧА ГРУЕВСКИ ПРЕД УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави мерки и проекти во новата програма на партијата со кои, како што кажа, ќе им се олесни животот на жените и мајките. Во денешното обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“, поранешниот премиер кажа и дека Зоран Заев и самиот е свесен дека не може да победи на претстојните избори на 11 декември.

    „Се овозможи неплатено родителско отсуство, надоместок за плата поради бременост, раѓање и родителство, 15 месеци породилно отсуство за мајка на близнаци, се донесе законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, се изврши зголемување на посебните додатоци, додаток за трето дете, се изградија над 80 детски градинки, се изградија 532 станови за млади брачни парови, се намали ДДВ-то за бебешки производи, се воведе и прошири  проектот за бесплатно ин витро за трето и четврто дете и мноштво други мерки и проекти. И со новата програма се предвидуваат многу нови мерки и проекти со кои ќе се помогне или олесни животот на жените и мајките“, кажа во говорот Груевски.

    vmrovki-2

    Членки на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со членки на СДСМ на булеварот „8 Септември“ во Скопје, бидејќи двете партии денеска одржaa настани во непосредна близина. СДСМ имаше конгрес во „Александар Палас“, а на 50 метри од хотелот, во салата „Борис Трајковски“ Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ имаше годишна конференција.

    Тој го обвини лидерот на СДСМ дека нема што да им понуди на граѓаните, па затоа ветува работи кои не може да ги реализира.

    „Сите знаат дека тоа што денес го кажува утре нема никаква вредност. Зборот за него не вреди. Тоа е човек кој пред најблиските со гордост вели дека нема проблем да излаже нешто денес и да го заборави утре. Човек кој молел кај странци да ја уназадат Македонија во евроатланските интеграции, само за да може да ја критикува нашата Влада. Човек кој нуди насекаде работи кои не може да ги реализира мислејќи дека ќе прелаже некого да гласа за него“, рече Груевски за Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира