И СУДИИТЕ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

    И СУДИИТЕ НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИВчера пред судовите беше излезена судската администрација, како дел од протестот на УПОЗ. (Фото: СДК.МК)

    Судиите ќе излезат на предупредувачки протест на 28 април ако Владата и Собранието не ги усвојат измените на Законот за плати на судиите, со кои ќе се зголеми коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто, соопшти Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија.

    Тие ѝ даваат рок на Владата од две недели да ги усвои измените, а на Собранието до 30 јуни.

    „Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Северна Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот“, велат од Здружението на судии.

    Вчера и денеска протестираа членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), а од понеделник ќе штрајкуваат членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира