ИАКО МЕ СНИМАЛ, ВО ДОБРИ ОДНОСИ СУМ СО ВЕРУШЕВСКИ, МНОГУ ГИ САКАМ НЕГОВИТЕ ДЕЧИЊА, РЕЧЕ ЗАЕВ

    ИАКО МЕ СНИМАЛ,  ВО ДОБРИ ОДНОСИ СУМ СО ВЕРУШЕВСКИ, МНОГУ ГИ САКАМ НЕГОВИТЕ ДЕЧИЊА, РЕЧЕ ЗАЕВ„Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, рече Заев.(Фото: СДК.МК)

    Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е соговорникот на Зоран Заев на четири аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од  авторот „Бошко Буха“. Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека разговорот е од пред 4 години, кога Александар бил на ручек кај него во Струмица.

    Гласот на соговорникот на Заев на снимките беше мутиран.

    „Седевме ручавме и ете сега видов дека ме снимал. Во добри односи сме и сега. Јас сум пријател со неговото семејство, многу ги сакам неговите дечиња. Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира