ИДНАТА ВЛАДА И ОПОЗИЦИЈАТА ДА РАБОТАТ КОНСТРУКТИВНО НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ, ПОРАЧА БЕЈЛИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    ИДНАТА ВЛАДА И ОПОЗИЦИЈАТА ДА РАБОТАТ КОНСТРУКТИВНО НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИТЕ, ПОРАЧА БЕЈЛИ

    Американската амбасада ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека фундаменталните права на изборите генерално биле почитувани, излезеноста била голема, а изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности.

    „Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување на капацитетите на ДИК и да ги реши структурните и правните проблеми со избирачкиот список. Изборите на 11 декември беа првиот важен чекор за придвижување на Македонија кон излез од политичката криза. Ги охрабруваме политичките партии кои ќе ја формираат идната влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформите што ќе го продлабочат процесот за евроатлантските интеграции, особено на реформите кои се однесуваат на владеењето на правото“, истакна американскиот амбасадор Џес Бејли на прес-конференцијата во амбасатата на САД.

    Тој додаде дека САД и меѓународната заедница ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија и ќе бидат нејзин партнер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира