ИГОР ЈУГ БАРА КАТОЛИЧКИ СВЕШТЕНИК ДА ГО ПОСЕТИ ВО ШУТКА ЗА БОЖИК

    ИГОР ЈУГ БАРА КАТОЛИЧКИ СВЕШТЕНИК ДА ГО ПОСЕТИ ВО ШУТКА ЗА БОЖИКНа денешното рочиште за организираниот напад во Собранието, Игор Југ и Јане Ченто, кои се во притвор, јавно се откажаа од барање амнестија. - Игор Југ на судењето за 27 април (архивска фотографија/СДК.МК)

    Обвинетиот Игор Југ, пред да стане и да најави дека се откажува од барањето на амнестија, од судијката Добрила Кацарска денеска побара во затворот Шутка да го посети католички свештеник.

    „Директорот на затворот Шутка почитувана судијке ми кажа вам да ви се обратам за да ме посети католички свештеник. Па еве ова е моето усно барање до вас“, рече Југ.

    „Игор Југ, не е начин јас и директорот на установата да комуницираме преку вас. Обратете се вие писмено до Основниот суд Скопје 1, па потоа ние ќе ја известиме управата на затворот во Шутка“, му рече Кацарска.

    „Добро, но ве молам тоа да биде пред 25 декември, тогаш е католичкиот Божик“, се заблагодари Југ.

    На денешното рочиште за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, Игор Југ и Јане Ченто, кои се во притвор, јавно се откажаа од барање амнестија, рекоа дека сакаат Добрила Кацарска да ги суди, оти во неа имале најголема доверба, а не политичките елити.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира