ИМА СИГНАЛИ ОД ВЛАДАТА, НО ИЗВЕСНО Е ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ШТРАЈКОТ, ВЕЛАТ ОД СОНК

    ИМА СИГНАЛИ ОД ВЛАДАТА, НО ИЗВЕСНО Е ДЕКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ШТРАЈКОТ, ВЕЛАТ ОД СОНКСОНК веќе ја одби понудата на Владата за зголемување на платите од 10 отсто. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека има сигнали за средба со ресорните министри попладнево и се надева дека вечерва ќе имаат добри резултати, но најверојатно штрајкот ќе продолжи и утре. СОНК од 11 април организира генерален штрајк за повисоки плати на вработените во училиштата и градинките.

    „Се надевам дека вечер ќе имаме добри резултати. Во секој случај, доколку немаме договор или продолжи процедурата на изјаснување на членството во однос на понудата што ќе ни ја дадат од Владата, јавноста ќе биде информирана и тоа би значело дека, најверојатно, и утрешниот ден ќе биде под знакот на штрајкот. До вечер сигурно ќе имате информација. Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во градинките, во интерес на родителите, во интерес на колегите коишто штрајкуваа, во интерес на Република Македонија. Владата да смогне сили и изнајде начин и средства, да ги договорат побарувањата коишто СОНК ги има доставено во однос на усогласување на платите во дејностите што ги застапува – зголемување на минималната плата на национално ниво, продолжување на преговорите за потпишување колективни градинки во градинките и во основното и средното образование и секако, договор за динамика за пораст на платите во овие дејности за 2023 и 2024 година. Кога зборувам за овие дејности, не смееме да ги заборавиме дејностите високо образование и наука, како и ученички и студентски домови“, изјави Неделков на денешната прес-конференција.

    СОНК веќе ја одби понудата на Владата за зголемување на платите од 10 отсто. Неделков вели дека за секоја нова понуда од Владата ќе треба да се изјасни членството.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира